Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Мицевски: Нема да дозволиме политичка злоупотреба на трагедијата во Кочани

На 46-тата собраниска седница, каде се расправаше за интерпелацијата на министерот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 46-тата собраниска седница, каде се расправаше за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, истакна дека нема да дозволат политичките профитери од опозицијата да ја злоупотребат трагедијата во Кочани за политички цели. Тој нагласи дека единствениот начин за решавање на случајот е преку институционален и брз пристап.

„Нема да ги дозволиме политичките профитери од опозицијата да ја злоупотребат, вулгализираат и да ја пренесат на улица трагедијата во Кочани и да си поигруваат со тажната судбина на овие луѓе“, рече Мицевски.

Тој информираше дека министерот Тошковски ќе се сретне со семејствата на загинатите денеска во 14:30 часот во Министерството за внатрешни работи. Поради тоа, Мицевски побара еден час пауза од собраниската седница.

Реклама

„Од овие причини, барам еден час пауза. А потоа ќе продолжиме со работа по интерпелацијата, за која што очигледно не ви е гајле, бидејќи тој што ја поднесе, прв замина и не е присутен на оваа пленарна седница“, додаде тој.