Реклама
Македонија

Местото на Македонија е во Европската Унија: Сиљановска Давкова во работна посета на Црна Гора

Местото на Македонија е во Европската Унија, порача македонскта претседаетлка Гордана Сиљановска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Местото на Македонија е во Европската Унија, порача македонскта претседаетлка Гордана Сиљановска Давкова од Подгорица. По средбата со својот црогорски колега, потенцирајќи го пријателството и партнерството меѓу двете држави, РЧЕ дека заедно работиме за напредокот во евроинтеграциите.

-Многу пати сме биле лидери во регионот од 2005 година наваму, сме добиле многу позитивни извештаи и мислам дека не само заради проширувањето на Европската Унија со која што таа ќе стане посилна на светскиот, компетитивен, политички и било каков пазар, туку и особено заради заканите по безбедноста, нам ни е местото во Европската Унија, изјави Сиљановска Давкова од Подгорица.

Милатовиќ  е уверен е дека пријателството меѓу двете земји, во годините пред нас ќе донесе нови можности и подобар живот за луѓето.

Реклама

-Уште една потврда колку односите на нашите држави се добри и партнерски. Разговаравме за тоа како заедно како заедно ја гледаме европската иднина и важноста регионот да остане стабилен и поврзан. Посебно место имаше и претстојниот Самит ЕУ- Западен Балкан во 2026-та година во Црна Гора, како шанса регионот да го заземе местото на европската агенда. Се договоривме дополнително да ги засилиме економската и инфраструктурна соработка, како нашите граѓани што поконкретно да ја почуствуваат користа од ова партнерство, изјави Милатовиќ.

Инаку, Сиљановска Давкова учествуваше на Балканскуиот форум за интерграција што се одржува во Подгорица, во организација на Европското движење во Црна Гора и Министерството за надворешни и меѓународна соработка на Италија.

Матеја Петровски