Реклама

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Македонија

Меџити: Соработка за одржлива природа

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, учествуваше и се обрати на Регионалниот форум со тема: „Добро управување и меѓуинституционална соработка во заштитените подрачја во Македонија, Албанија и Косово“, кој се одржа во градот под Шара, Тетово.

Во своето обраќање, министерот Меџити истакна дека природните ресурси како водата, воздухот и шумите не познаваат политички или административни граници, додека начинот на нивно управување ја одразува капацитетот на државата и на регионот во целина.

– Водата што тече од нашите планини, воздухот што циркулира низ долините и шумите што ги покриваат нашите природни граници не ја познаваат администрацијата, ниту политичките бариери. Но, начинот на кој ги штитиме овие природни ресурси, особено управувањето со заштитените подрачја и националните паркови, претставува директен одраз на нашите институционални капацитети – како држави и како регион, изјави Меџити.

Реклама

Министерот посочи дека заштитените подрачја се најчувствителните и највредни делови од територијата, каде што се зачувува загрозената биолошка разновидност, се штитат природните ресурси и се обезбедува еколошка стабилност.

Како дел од конкретните активности, Министерството за животна средина и просторно планирање ја зголеми заштитената површина од 11,5% на 13,9%, со прогласувањето на Националниот парк Шар Планина и подготовките за заштита на регионот Јабланица. Во фокус се и подготовките за хармонизација со европската мрежа Natura 2000 и Конвенцијата CITES, преку инвестиции во обуки, дигитални системи и платформи за управување со податоци’, додаде Меџити.

Министерот Меџити потенцираше дека природата е целина, а нејзината заштита е заедничка одговорност. Заштитените подрачја како Шар Планина, Маврово, Галичица и Преспанско-Охридскиот регион се природни мостови што ги поврзуваат нашите држави и народи.

Во рамки на форумот беа презентирани и добри практики, како поставувањето на соларни огради во Шар Планина за заштита на земјоделските култури од диви животни – решение засновано на природата и одржливоста.

На крај, министерот повика на понатамошна координација меѓу институциите на Македонија, Албанија и Косово, како и со европските партнери, за да се обезбеди ефективно управување со заштитените подрачја и да се изгради здрава, зелена и одржлива иднина за сите.