Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Меџити: Чиста животна средина е наш заеднички приоритет – „Генералка викенд“ е пример за европски вредности во пракса

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, се приклучи на националната акција за чистење „Генералка викенд“, која оваа година започна со чистење на скопскиот Аквадукт – културно-историски споменик од особено значење за градот Скопје.

Акцијата, организирана од Men & Mountain, со поддршка на Министерството за животна средина и бројни институции, ангажира над 200 волонтери, а ќе опфати над 500 локации низ државата со учество на над 20.000 граѓани.

„На патот кон Европа, мора да се однесуваме европски. Животната средина и културното наследство бараат почит, грижа и континуирана заедничка акција. Ваквите иницијативи ја покажуваат силата на граѓанската одговорност и добрата соработка. Нашата поддршка како Министерство и Влада е безрезервна“, изјави Меџити.

Реклама

На настанот присуствуваа и претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, министерката за образование Весна Јаневска, претставници на ЗЕЛС, општините Кисела Вода и Чаир, Пивара Скопје, Црвениот Крст, амбасадори, јавни личности и многу волонтери.

Акцијата продолжува на 10 и 11 мај со масовно учество на институции, училишта, здруженија и поединци од целата држава, со цел подигање на јавната свест и создавање почиста, поздрава и поодржлива средина за сите.