Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Манасиевски: СДСM и Филипче да не молчат и да одговорат, каде е Венко Филипче?

Една недела, СДСM и Филипче молчат и се кријат, за потеклото на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една недела, СДСM и Филипче молчат и се кријат, за потеклото на златната виза на чиракот на Заев, Венко Филипче. Откако на Венко му се испушти дека поседува златна виза, за која не го наведе потеклото, го снема од јавноста, а според нашите информации, тој пред 6 дена на граничниот премин Богородица, ја напуштил државата, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали Филипче, кога ја напуштил државата, се упатил кон Солунскиот аеродром и заминал во Дубаи со златната виза, да се најде со неговиот ментор Заев, за да ги проверат градежните активности на 50катницата? Венко Филипче, со оглед на тоа дека не негира, се поставува теоријата дека нашите тези се вистинити. Венко Филипче, должи одговор на јавноста, доколку навистина заедно со Заев имаат бизнис во Дубаи, од каде му се парите? Дали Венко парите ги има заработено на нелегален начин, бидејќи сума од 500 илјади долари не се заработува така лесно? Филипче не ја покажа ниту нострифицираната диплома, бидејќи по се изгледа ја нема, ниту одговори за тоа со која болница преговарал за да добие златна виза? Филипче и СДСM, останаа неми на нашите прашања. Денес повторно прашуваме, каде е Венко Филипче? Дали планира да се врати во Македонија или ќе остане во Дубаи? СДСM и Филипче, тонат во бездна. Неискреноста, манипулативноста и корупцијата, се темелите на кои се поистоветуваат и СДСM и Филипче, рече тој.

Манасиевски посочи дека додека тука глумат загрижени, истовремено во Дубаи ги трошат украдените пари, на нас граѓаните.

Реклама

-СДСM и Филипче се прочитана приказна, тие се синоним, за неспособност, криминал и корупција, рече тој.