Реклама

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Македонија

🎥 Манасиевски: Ралев, да каже, прифаќа ли да биде губитнички кандидат за градоначалник на СДСМ за Скопје и дали чека Филипче да го избере

Вчера Венко Филипче призна дека нема кандидат за градоначалник за Град Скопје,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вчера Венко Филипче призна дека нема кандидат за градоначалник за Град Скопје, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче призна дека никој не сака да биде кандидат на СДСМ за Скопје, а излажа дека одлучува помеѓу неколку имиња, меѓу кои и архитектот Мишко Ралев и бившата министерка на Заев, Каја Шукова. Филипче глуми дека одлучува или бира помеѓу некого. Оттука го повикуваме Мишко Ралев, да каже дали прифаќа да биде губитнички кандидат за градоначалник на СДСМ за Скопје. Дали Ралев чека Филипче да го избере, т.е. да се одлучи дали тој е доволно добар да трча за Скопје? Сите знаат дека Филипче нема кандидат, ниту некој ќе му се нафати, единствено кој може да прифати и да му биде кандидат е некој од шинелот на Заев, како Каја Шукова или нејзе слични, кои немаат избор дали прифаќаат или не да губат, во името на Заев и Венко, тие мораат. И Венко Филипче и сите во СДСМ, знаат колкав ќе биде поразот нивен во октомври. Разликата во корист на ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски е огромна, толку голема што ќе значи убедлива победа уште во првиот круг, истакна Манасиевски.

Како тргнало, ќе треба Венко сам да се кандидира, додаде Манасиевски.