Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Македонското нематеријално културно наследство е загрозено, итно е потребна нова системска и законска регулатива

Денешниот патриотизам нужно подразбира квалитативно потпирање на минатото како основа за постоењето.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денешниот патриотизам нужно подразбира квалитативно потпирање на минатото како основа за постоењето. Но, не со претопување во масата, туку со зачувана индивидуалност и интегритет. Тој треба да одговори на предизвиците од своето време и да биде континуитет на веќе поставените темели. Ова, особено се однесува на македонското нематеријално културно наследство кое станува се’ позагрозено. Оттука, на Македонија итно и’ e потребна нова системска и законска регулатива за соодветна заштита на духовното културно наследство, како што се јазикот, фолклорот, обичаите, вели експертот за заштита на културното наследство, Александар Јорданоски.

  „Треба системски приод, и квалитативен приод. Не ад-хок и парцијални решенија. Во системската грижа, ние како држава не можеме да кажаме ова е поважно, ова е поневажно. Сешто е ставено на листа како културно наследство, се’ e важно. Но, уште поважно е системски воспоставена грижа, а тоа значи, и планирање, и финансирање, и реализирање на проекти. Сега го немаме тоа. Сегашниот Закон за заштита на културното наследство е веќе надминат“, – дециден е Александар Јорданоски, лингвист и експерт за заштита на културното наследство.

    Од друга страна, и во овој сегмент, својот неповратен данок си го зема иселувањето.Експертите стравуваат дека ќе нема кој да ги реализира проектите.

Реклама

   „Ние можеме да изработиме добри закони, можеме да обезбедиме пари, но ќе немаме луѓе кои ќе ги реализираат проектите. Мислам дека тука е најголемата опасност“, потенцира Јорданоски.

    На истиот став се и од Институтот за старословенска култура кој од 2010 година е овластен субјект за заштита на нематеријалното културно наследство и континуирано изработува Елаборати со цел нашето наследство да се зачува во изворната форма и како такво да се пренесува на идните генерации.   

    „Загрозено е од аспект што постојано се внесуваат нови елементи во некои традиционални обичаи, постојано се забораваат обичаите, цели населби, села се раселуваат и на тој начин всушност нема носители кои што би го предале ова наследство на следните генерации“, – кажа д-р Александар Василески, директор на Институтот за старословенска култура. 

  На оваа тема, викендов во Прилеп беше промовирана и книгата „Културолошки точки на Македонија“ од експертот за заштита на културното наследство, Александар Јорданоски.      

Каролина Дурло