Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Прилози

Македонија засилено се дигитилизира: Плановите и целите се македонските граѓани да плаќаат поевтин роаминг во целата ЕУ

Поевтин роаминг за македонските граѓани во целата Европска Унија, Македонија да стане…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поевтин роаминг за македонските граѓани во целата Европска Унија, Македонија да стане центар на ИТ иновациите во регионот, ова се главните цели кои ги има државата, а беа тема на разговори на Дигиталниот самит на Западен Балкан во Скопје.

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата прави огромни напори да привлекува инвестотори во овој сектор и на тој начин ги поттикнува младите таленти да останат овде. Вели дека технологијата треба да биде во корист на човекот. Најави дека до крајот на мандатот на оваа Влада, луѓето ќе имаат пристап до сите институции преку својот мобилен телефон.

-Дигитализацијата не е за машините, таа е за луѓето, таа е за мајката која сака да го запише своето дете побрзо во градинка, за пензионерот кој сака лесно да ја добие својата пензија, за студентот кој сака пристап до знаење, кој сака книги онлајн, за секој граѓанин кој сака да ја чувствува државата како пријател, а не како противник. До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн, секој граѓанин ќе има свој дигитален идентитет, изјави Мицкоски.

Реклама

Преку декларацијата „Роаминг како дома“, иницијатавата за поевтини телефонски и интернет услуги, ќе ја покренат сите државни од Западен Балкан. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изрази надеж дека прво успешно ќе биде донесена декларацијата, а потоа заеднички ќе се исполнат условите кои се поставени од Европската Комисија.

-Поттинканти од Регионалниот совет за соработка, ние работевме на заедничка декларација, која што ќе повика кон Европската Унија и кон сите наши соседи, да ја овозможиме иницијативата роаминг како дома, да ги намалиме трошоците за дата, трошоците за телефонски разговори и СМС пораки на граѓаните од Западен Балкан низ цела Европа, исто онака како што успеа оваа иницијатива да го направи тука на Балканот, истото да го рашимириме и во цела Европа, изјави Андоновски.

Генералниот секретар за регионална соработка Амар Капетановиќ порача дека државните од регионот заеднички работат и во многу други сегменти за дигитализацијата.

-Работиме исто така на воспоставување на дигитални паричници на Западен Балкан, поврзување на дигиталните паричници, односна тој вид на интероперабилност внатре во Западен Балкан. И на крај нашата цел е да се поврземе со заедничкиот дигитален пазар на Европската Унија. Тоа е причината поради која го правиме се ова, изјави Капетановиќ.

На самитот беше презентирана и новата апликација м.услуги, која ќе биде голем чекор кон целосна дигитализација на институциите во Македонија. Истата претставува дигитален паричник за документи и јавни услуги на едно место, со целосна и сигурна размена на податоци и потсетници за рокови.

Матеја Петровски