Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

МАКЕДОНИЈА ЌЕ НАЛИКУВА НА ГРАДИЛИШТЕ: 1200 ПРОЕКТИ за развој на секое населено место во државата

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се инвестиции во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

„Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се инвестиции во капитални проекти и развој на локалните самоуправи. Владата инвестира во општините 250 милиони евра преку јавниот повик за капитални проекти.

Ова е најголема поддршка од националниот буџет за локалните самоуправи насекаде низ Македонија и директна поддршка за нивен развој. Со поддршка од Владата секое село, секој град, добиваат можност да се развиваат.

Реклама

Се прави гантограм на активности, 20 милијарди денари се наменети само за Локалната самоуправа, насекаде низ државата ќе има градежна офанзива.

Во вториот повик за капитални проекти во општините, има повеќе од 800 проекти. Од овие проекти најголемиот дел се во Министерството за транспорт, околу 600. Ќе се градат нови улици, локални патишта, плоштади, мостови.

Повеќе од 140 проекти се насочени кон животната средина, канализациони мрежи, водоводи, пречистителни станици, мерки за енергетска ефикасност, зелени површини. Вкупно со двата повика се околу 1.200 проекти, тоа 1200 градилишта низ Македонија.

Она што го ветува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ тоа и го остварува, пуштен е во употреба мостот кај Башино село во Велес заврши реконструкцијата на столбовите, а санацијата чинеше 320 илјади евра. Исто така веќе е во фаза на проектирање нов мост којшто ќе биде со технологија којашто досега не е направена во државата.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира и вложува да ги приближи општините до граѓанинот.

Ги градиме темелите на промените.

Доаѓа времето на Македонија.“