Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Македонија има сериозни проблеми со корупцијата – Најнов Извештај на Транспаренси Интернешнл

Измените на Кривичниот законик со кои над 200 случаи со висока корупција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Измените на Кривичниот законик со кои над 200 случаи со висока корупција паднаа во вода, политичките притисоци врз Врховниот суд, аферите во Судскиот совет, скандалозното постапување на институциите по упадот во македонска навигација, партиските вработувања. Ова се парчиањата од сложувалката кои ја даваат очајна слика на судско обвинителскиот систем во кој граѓаните имаат доверба од само 1%.

Во извештајот на Транспаренси интернепшенл Македонија е на 76 место за перцепција за корупција од 180 рангирани земји, тоа е за 9 позиции подобро од претходната година, но во најголем дел поради влошувањето во други земји, оценката за нас останува речиси иста.

Овие резултати се далеку од охрабрувачки, вели претседателот на Транспаренси, Благоја Пандиловски.

Реклама

Најголем проблем во борбата против корупцијата и во овој извештај е правосуството. Оценската мисија на ЕУ која влезе во највисокото тело на правосудниот систем даде дури 40 препораки, а во Извештајот се нотирани и политичките притисоци за кои се жалеше претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. Црна дамка во Извештајот е Собранието кое со измените за злоупотребата на службената положба за лична корист и скратените рокови за покренување постапка за сомнителни случаи на корупција е голема услуга за корумпираните луѓе, стои во Извештајот.

Според документот, проценката е дека 200 случаи ќе бидат отфрлени, вклучително и оние против поранешни високи функционери. Исто така, се нотира дополнителна загриженост за способноста на судството ефикасно да се бори против корупцијата поради  политички назначувања и разрешувања на судии.

Од регионот, подобро рангирани од Македонија се Словенија, Хрватска, Грција, Црна Гора и Бугарија, додека Косово, Албанија, Србија и БиХ се со послаби резултати за перцепцијата за борбата против корупцијата.

Македонија својата позиција ја дели со Молдавија, Унгарија, Куба, Кина, Бахраин, и Тринидад и Тобаго.