Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка: Доказ за стабилно и долгорочно партнерство

Потпишан договор за стратешка соработка меѓу Македонија и Унгарија – доказ за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпишан договор за стратешка соработка меѓу Македонија и Унгарија – доказ за  долгогодишно сојузништво меѓу двете земји но и поттик за нови големи инвестиции. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски изрази големо задоволство што Унгарија покажува дека е еден од најблиските сојузници на Македонија.

-Двете држави имаат развиено стабилно и долгорочно партнерство засновано на заемна доверба и практична соработка во бројни области. Денешното потпишување на два важни документи, договорот за стратешка соработка меѓу двете Влади и разбирање и имплементација на пропграмата „Stipendum Hungaricum“, за периодот од 2026-та- 2028-ма, претставува силна потврда на тоа цврство сојузништво, изјави Муцунски.

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, најави низа големи инвестиции во Македонија. Изрази задоволство тридецениското пријателство, велејќи дека партнерството на силни политичи и економски врски ќе продолжи со уште поголема динамика.

Реклама

–Големи унгарски претпријатија во проектите, бројните проекти во однос на сообраќајот, телекомуникациите и градежништвото во Македонија и тоа за нас дава огромни можности, изјави Сијарто.

Сијарто порача дека тие се едни од најголемите поддржувачи на евроинтеграцијата на Македонија и Западниот Балкан, но дека за жал во моментов најголема пречка ни е Бугарија, но не и единствена. Вели оние кои реално сакаат проширување на Унијата се малцинство меѓу членките, односно дека други држави не биле искрени кога велат дека го сакаат Западен Балкан во ЕУ.

-Кога остануваме сами зад затворени врати ние 27 членки, тогаш мнозинство веднаш почнуваат да зборат за тоа зошто не би можела да се проширува Европската Унија према Западниот Балкан. Но, нормално тоа и во иднина ќе го порекнуваат и во иднина ќе зборуваат многу убаво, но доколку сериозно мислеле, мислите дека би требало 20 години да се чека за зачленувањето, изјави Сијарто.

Муцунски вели дека повеќе од 20 години сме жртва на билатералните спорови, но смета дека во овој мандатат Владата ги унапредила односите со ЕУ, стана прва држава која потпиша партнерство во делот на безбедноста и одбраната, прва обезбедила средства од планот за раст, што според Муцунски покажува дека Македонија се европеизира и ги прифаќа европските вредности. Сепак според него имаме црвени линии преку кои не можеме да поминеме.

-Не смееме да дозволиме по патот кон членство да бидеме погазени, понижени и да дозволиме да продолжи оној тренд кој што за жал се воспоставуваше од нашите претходници, од откажување на нашиот национален идентитет, од отстапки по однос на нашиот јазик, од отстапки по однос на нашта историја, од отстапки на било кое идентитетски обележје, бидејќи што е една нација доколку нема свој идентитет. Тие се оние црвени линии, изјави Муцунски.

Покрај договорот за стратешка соработка, Сијарто и министерката за образование Весна Јаневска потпишаа и меморандум за стипендирање на 20 македонски студенти годишно, во периодот од 2026-та до 2028-ма.

Матеја Петровски