Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Македонија и Словачка потпишаа Меморандум за економска соработка

Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го пречека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го пречека словачкиот претседател, Петер Пелегрини, кој престојува во дводневна официјална посета на земјава. По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на словачката делегација.

Соговорниците се заложија за унапредување на билатералните односи, продлабочување на економската соработка, забрзување на македонскиот и регионалниот евроинтегративен процес и превземање итни чекори за подобрување на европската и глобалната безбедност.

Сиљановска-Давкова и Пелегрини ја потврдија одличната соработка, втемелена во заедничкото духовно наследство, културната блискост и искреното пријателство.

Реклама

Претседателката му се заблагодари на словачкиот претседател за континуираната поддршка на македонското членство во Европската Унија, повторувајќи дека процесот на проширување мора да се темели на Копенхагенските критериуми, без дополнителни билатерални условувања.

Со оглед на бројните глобални предизвици, претседателите укажуваат на потребата од поголема доверба, солидарност и заедништво на државите и нациите во рамките на ЕУ, НАТО и Обединетите нации.

На средбата со претседателот Пелегрини, Сиљановска-Давкова изрази жалење за вчерашната железничка несреќа во Словачка, во којашто се повредени околу 100 лица и посака нивно побрзо закрепнување.

За време на посетата на претседателот Пелегрини, македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и државниот секретар во словачкото Министерство за економија, Владимир Шимоњак, потпишаа Меморандум за соработка во областа на економијата.