Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Македонија чекор поблиску до роаминг без дополнителни трошоци со ЕУ

Македонија е чекор поблиску до укинување на скапиот роаминг со Европската унија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е чекор поблиску до укинување на скапиот роаминг со Европската унија. Граѓаните наскоро ќе можат да разговараат, да испраќаат пораки и да користат интернет во европските земји без високи сметки, односно по домашни тарифи. Од Министерството за дигитална трансформација велат дека Македонија забрзано ги исполнува сите услови за приклучување кон европскиот роаминг-систем и дека државата е меѓу најподготвените во регионот.

Клучниот момент се очекува на почетокот на јуни, кога на самитот меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан во Тиват, шефицата на Европската комисија ќе ги соопшти деталите за стартот на преговорите.

Министерот Стефан Андоновски уверува дека Македонија веќе ги исполнила потребните критериуми и дека ќе биде во првата група земји што ќе го потпишат договорот со европските институции.Доколку процесот се одвива според најавите, граѓаните наскоро ќе можат слободно да пребаруваат на интернет, да разговараат и да испраќаат пораки низ Европа без страв од прескапи сметки.

Реклама

“Има најава за почеток на преговорите, што е позитивен сигнал. Преговорите ќе се однесуваат на секоја земја поединечно и промената е што ќе се потпише специјален договор слично на Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија со секоја од државите кандидати. Позитивно е што ние ги исполнуваме условите со донесувањето на Законот за електронските комуникации и со тоа сме, да речеме, во групата што прва ќе почне преговори” – изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Покрај Македонија, преговорите за укинување на роаминг ги продолжуваат и Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Украина.

Во време кога Македонија е чекор поблиску до укинување на скапиот роаминг со Европската Унија, влезот на трет мобилен оператор отвора и нова трка кој ќе понуди пониски цени, побрз интернет и подобри услови за граѓаните во земјава.

Унгарскиот „Фор-ај-џи“ кој влезе на македонскиот телекомуникациски пазар на почетокот на годината, преку „Оне Македонија телекомуникации“ најавува, поевтини услуги и силна конкуренција за постојните оператори. Новиот оператор прво ќе стартува во Скопје, а потоа постепено ќе ја шири 5Г мрежата низ целата држава.