Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Мајката на Фросина Кулакова: Ова е судење за грабеж на живот, на иднина, за непоправлив грев, за убиство

Камелија Кулакова, мајка на загинатата Фросина, побара најстрога казна за возачот Васил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Камелија Кулакова, мајка на загинатата Фросина, побара најстрога казна за возачот Васил Јованов. Таа во потресен говор, рече дека ова не е само обична сообраќајка. Кажа дека ова е грабеж на живот, на иднина.

„Јас не сум само мајка која го изгубила своето дете, јас сум човек со откорната душа. Јас сум денес гласот на Фросина, зборувам за неа, затоа што таа повеќе не може да зборува. Фросина не беше само прегазена, таа беше згасната на начин што човечкиот ум не може да го прифати – без возачка дозвола, без положен возачки испит, пијан, на црвено светло, заобиколувајќи возила кои запреле, тој не запрел, не погледнал ниту почувствувал, ниту помислил. Ја удрил мојата Фросинче со толкава сила што ја исфрлил 15 метри. Со главата ја шофершајбната ја скршила, се качила на кровот. Од силината, го искршила семафорот од спротивната сала. Брзината не е двојна, бидејќи на црвено светло брзината е нула. Ниту еден орган не и беше поштеден, ниту срцето – се и беше оштетено. Градниот кош отворен. И така, мојата Фросинче убава, мила, ведра, насмеана, остана таму без здив, без иднина. Кој член од законот, кој став може да ја измери болката, која ја чувствувам секој миг. Ова не е судење за сообраќајка. Ова е судење за грабеж на живот, на иднина, за непопавлив грев, за убиство.

Посочи дека само најстрогата казна, ќе и ја врати вербата дека смртта на нејзината ќерка не била залудна.

Реклама

„Барам највиска казна, барам правда. Не за одмазда, барам највисока казна за правда. За утре ниту едно дете да не се најде на местото на Фросина. Ве молам не дозволувајте животот на Фросина да заврши во празнина. Ве молам покажете дека правдата има душа, и дека злосторството не смее да помине како сенка. Правдата нема да ми ја врати Фросинче. Но ќе ми ја врати вербата дека нејзината смрт не била залудна“, рече Камелија Кулакова, мајка на загинатата девојка.