Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Лукровски: Работиме на хумано решение за животните-бездомници на територија на општина Карпош

Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ беше гостин…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ беше гостин во утринска емисија на телевизија Алфа. Тој се осврна на ситуацијата со животните бездомници кои се на територија на општина Карпош. Лукровски додаде дека идејата за згрижувачки центар за животните-бездомници е активна, како и да се изнајде хумано решение за истите, за што се координира и со кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Прво треба да ги видиме ингеренциите. Со кандитатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, разговаравме дека има намера да се трансформираат. Би имале поголеми ингеренции па така можеби и би имале можност да формираме некаков центар да кажеме за каде што ќе ги прибираме овие животинки бездомници, вели Лукровски.

Лукровски истакна дека треба да се најде хумано решение, со цел доброто на животните.

Реклама

Размислуваме за едно хумано решение. Веќе утре имаме еден состанок, дружба, со претставниците на здруженијата за заштита на животните. Една лајка е премалку. Треба да ги исслушаме и заеднички да најдеме решение. Кај мене има волја. Не треба да се сведува да кучињата бидат згрижувани од заедници на станари, кажа Лукровски и додаде:

„Треба да создадеме услови каде што на најхуман начин ќе ги тие кучиња и останати животнки ќе егзистираат“.

Сотир Лукровски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Карпош, денес гостуваше на утринската емисија на телевизија Алфа. Лукровски истакна дека направена е анкета на жителите на општина Карпош со околу 600 испитаници. Тој истакна кои се главните прашања кои ги засегаат жителите на општина Карпош, и додаде дека во првите две години би се фокусирал да најде решение за истите.

,,Откога ќе ја согледаме состојбата финансиската кондиција на општината ќе знаеме какви проекти ќе можеме да понудиме. Ако во првите две години се посветиме на паркингот, на ревитализација на парковите, на проблемот со бездомните животните, загадувањето. Тоа се пар работи кои вака многу нормални меѓутоа и те како имаме да работиме на нив“, рече Лукровски.

Лукровски истакна дека би бил задоволен доколку погоре набројаните прашања се затворат во првите две години, а додаде и дека подоцна може да се размислува за други поголеми проекти за општина Карпош.

,,Направивме и една анкета на 600 испитаници од нашата општина и ни се потврди она што го очекувавме. Паркингот е најголем проблем, им смета на луѓето, запуштените паркови, кучињата скитници прават проблем. Имаме од една страна луѓе кои се повеќе одгледуваат миленичиња меѓутоа ова што е неконтролирано им смета. Безбедноста беше исто нагласена, како безбедноста околу училишните објекти така и безбедноста на домовите. Тоа се некои проблеми кои се од комунален карактер. И она што им смета е непланското градење“, истакна Лукровски.