Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Лопатка за ЕНР/МИА: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ,  оптимист сум за Северна Македонија

По подолг период кога не бевме во можност да вклучиме нови земји…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По подолг период кога не бевме во можност да вклучиме нови земји во нашето европско семејство, време е да ја искористиме шансата и да ја прошириме Европската Унија во текот на овој мандат на Европскиот парламент, истакна австрискиот европратеник Рајнхолд Лопатка во изјава за Европската новинска редакција (ЕНР). 

– Мислам дека е позитивно она што се случува во Црна Гора, во Албанија, а исто така сум оптимист и за Македонија, изјави Лопатка, кој доаѓа од редовите на Европската народна партија (ЕПП). 

Според него, кога се говори за проширувањето треба да се поздрави напредокот, но во исто време не треба да се затвораат очите кога има огромни проблеми.  

Реклама

– Како што веќе реков, мора да го видиме напредокот во Црна Гора и во Албанија, а гледам и добри шанси за Македонија. Босна и Херцеговина се соочува со многу тешка ситуација, особено со Република Српска. Србија има многу проблеми, а исто така и Косово се соочува со проблеми. Затоа дијалогот Белград-Приштина повеќе не е во нашиот центар на интерес, бидејќи во центарот сега се проблемите во двете земји, смета Лопотка. 

Тој нагласува дека вклучувањето на сите земји од Западниот Балкан во ЕУ отсекогаш било во фокусот на Унијата, а особено на неговата татковина Австрија.  

– Но, мора да бидеме искрени. Тој процес мора да биде базиран на заслуги. Ако тие не се во можност да ја завршат својата домашна задача, не можеме да им кажеме добредојдовте, вели Лопатка. 

Европратеникот нагласува дека на граѓаните на земјите од регионот на Западниот Балкан би им порачал дека треба да ја видат додадената вредност на членството во ЕУ. 

– Треба да ги видат шансите на овој огромен пазар. Треба да ги видат и шансите за младите луѓе. На пример, дека имаат шанса да работат тука во европските институции. Многу Хрвати, Романци, луѓе од Бугарија, дури и во мојот кабинет, се од овие земји. И секако, ако погледнете наназад низ вековите, тие се дел од Европа и треба да ги искористат своите шанси. Мислам дека тоа е огромна шанса за младите луѓе. Политичарите не треба да ја пропуштат оваа шанса. Треба да им дадат шанса на своите млади луѓе, заклучува Лопатка.