Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Лидерската средба во сенка на двојното убиство кое ја потресе целата јавност

8 мај да се оддржат вториот круг претседателски и парламентарни избори е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

8 мај да се оддржат вториот круг претседателски и парламентарни избори е исходот од лидерската средба која падна во сенка поради грозоморните убиства на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче. Сочувства до семејствата испратија сите политички лидери. Техничка влада ќе има, а претседателот на Владата, Димитар Ковачевски не сака да шпекулира кој ќе го замени на три месеци пред изборите, вели коалицискиот договор ќе биде испочитуван.

  • „ Техничкиот премиер, ние имаме коалициски договор, ние ќе го испочитуваме, во моментов не можам да шпекулирам“ рече Ковачевски, претседател на Влада.

 Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со непроменити ставови во однос на уставните измени, поддршка нема да има. Парламентарните партии, вклучително и опозицијата, се договориле да ги изгласаат препораките на ОБСЕ/ОДИХР за Изборниот Законик. Мицкоски дециден дека ова треба да е последен пат да се носат измени во изборниот а рокот да е пократок од половина година.

  • „Тоа подразбира дека кампањата би започнала на 4-ти април или ако тоа се сведе на денешната дата тоа значи дека сепак не го испочитувавме правилото за кое честопати јас јавно потенцирав а тоа е да немаме интервенции во изборниот законик 6 месеци пред почеток на кампања, за жал повторно тоа ни се случува и во иднина се надевам дека ова нема да биде случај и дека изборниот законик ќе биде затворен најдоцна 6 месеци пред почетокот на изборната кампања,“ рече Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Епилогот од лидерската не го дочека албанскиот опозициски блок. Касами, Гаши и Меџити ја напуштија средбата кога собранискиот спикер Талат Џафери не сакал да им се спротивстави со аргументи зошто досега не е избран новиот член на ДИК, кој треба да и припадне на албанската опозиција.

Реклама
  • „Ние цениме дека г. Џафери го одолговлекува една година и гледаме интенција да не се избере член и да не биде целосна ДИК што утре некој може да го оспори“– рече Изет Меџити, лидер на Демократско движење.

Помалите политички партии повторно останаа со празни раце, и порај тоа што добија ветување од владејачката СДСМ, дека ќе добијат една изборна единица, на лидерската не се дискутирало по тоа прашање. Засега не се открива кои ќе бидат предизборните коалиции, но извесно е дека Соцјал-демократите ќе продолжат соработка со Интегративците, додека партиските тела на Алијанса за Албанците, ќе разгледаат опција – излегување од владината коалиција доколку не се изгласаат уставните измени.