Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

Лидерите за националното, кандидатите за локалното – една недела кампања за локалните избори

Македонските евроинтеграции, потребата од реформи, партизираниот судско-обвинителски систем. Напади, црна кампања. Фокус…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските евроинтеграции, потребата од реформи, партизираниот судско-обвинителски систем. Напади, црна кампања. Фокус повеќе на националните теми отколку на локалните проблеми. И тоа е очекувано и во ред – но се почесто се забораваат реалните проблеми на граѓаните – загадениот воздух, лошите урбанистички политики, состојбата со ѓубрето. Помина една недела од политичката кампања за локалните избори и она што го забележуваат експертите е дека темите кои преовладуваат на собирите на најголемите политички партии се однесуваат на широки националните прашања и партиски конфликти, наместо на секојдневните и конкретни локални потреби на граѓаните.

Она што го очекувавме, се рефлектира. Фокусирање кон своите гласачи. Прнесување пораки, водење на црна кампања. Фокус на национални теми наместо на локалните проблеми. Тоа е во ред и тоа е очекувано но проблемот настанува дека се заборава дека граѓаните очекуваат решавање на локалните проблеми. Градовите се гушат во загаден воздух, образованието нерамномерно секаде. Дупките и лошиот урбанзам, градење секаде, немање зеленило. Убаво е да се фокусираат на национални теми, но имаат уште 350 дена. Денес е важно да се стави фокус на локалнте теми бидејќи тоа се избира, вели комуникологот Бојан Кордалов.

Како што ќе се наближува првиот круг од изборите, така и ќе се вжештува политичкиот наратив. Црната кампања се повеќе ќе си наоѓа место на граѓанските трибини, собири, митинзи…

Реклама

Со оглед на тоа што ќе се изберат, ќе биде успешна, за жал ова е уште една пропуштена шанса за фокус кон граѓаните, допрва ќе има жештина, и црна кампања. Можеше многу подобро но веројатно за жал ова е најдоброто нешто што можевме да го очекуваме, вели Кордалов.

Изминативе седум дена, од обраќањата на лидерите на двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, можеше да се заклучи дека најспротивставени ставови имаат околу – резолуцијата со црвени линии која ја предложи СДСМ за решавање на спорот со Бугарија. Мицкоски смета дека тоа претставува подарок за нашиот источен сосед, додека пак Филипче на овој документ гледа како на патриотски чин. Често пати, Мицкоски го слушаме како вели дека на овие избори има две опции – коалицијата СДСМ ДУИ ЛЕВИЦА која според него ја уништила државава и неговата коалиција за која вели дека работи само и само во интерес на граѓаните. СДСМ пак со своја реторика, ги убедува граѓаните дека нивните луѓе имаат интегритет и кредибилитет, наспроти кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за кои обвинуваат дека до сега не покажале резултати.