Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Лидерите од Западен Балкан на самит во Драч

Лидерите од земјите од Западен Балкан утре ќе се сретнат на самит…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерите од земјите од Западен Балкан утре ќе се сретнат на самит во рамки на иницијативата „Брдо-Бриони“, што ќе се одржи во албанскиот град Драч.

Главна тема на разговорите ќе биде европската перспектива на Западен Балкан, со посебен фокус на Планот за раст, кој претставува финансиски инструмент на ЕУ за периодот 2024–2027 година. Планот вклучува вкупно шест милијарди евра, од кои четири се во форма на заеми, додека две милијарди се неповратни грантови.

Секоја земја има своја реформска агенда, чијашто реализација е услов за добивање на средствата.

Реклама

На самитот во Драч од Македонија ќе присуствува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Потврдено е учеството и на претседателите на:

  • Црна Гора – Јаков Милатовиќ
  • Србија – Александар Вучиќ
  • Косово – Вјоса Османи
    како и на членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина: Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ.

Целта на иницијативата „Брдо-Бриони“ е да се поттикне меѓусебната соработка и да се олеснат напорите на земјите од регионот на нивниот пат кон Европската унија.