Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Лефков: Близок соработник на Путин во прегратки на Филипче и Заев

Близок соработник на Путин во прегратки на Филипче и Заев. СДСМ на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Близок соработник на Путин во прегратки на Филипче и Заев. СДСМ на Венко Филипче и Зоран Заев му даде државјанство на човекот на Путин, Александар Онишченко, и му овозможи да тера бизниси во Македонија, истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Инаку, Онишченко бил член на проруската партија на тогашниот претседател Виктор Јанукович, своевремено и пратеник во Украина, и станува збор за човек кој е осуден на 15 години затворска казна поради перење на пари и корупција.

Кога Онишченко беше баран со меѓународна потерница од родната му Украина, кога сите држави не го примаа и не му даваа престој, нашата влада предводена од СДСМ го вдоми и му даде државјанство.

Реклама

СДСМ на Филипче и Заев ја отворија вратата на рускиот бизнис и Путин, за преку Македонија да прават пари во Европа.

Филипче и Заев со ваквото доделување државјанства на руски олигарси и блиски луѓе до Владимир Путин, водеа антидржавна политика водена исклучиво од лични интереси.

Филипче и Заев ги дели само еден телефонски повик од Владимир Путин.

Тоа е таа руска игра во СДСМ. И кога слушаме Бела Чао, или Катјуша од Бихаќка знаеме дека некој им дошол на гости.

Игрите и комбинациите на СДСМ со Русија преку Македонија и институциите ја прекина ВМРО-ДПМНЕ и тoa повеќе нема да биде случај.