Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Лазарева поворка во Скопје во пресрет на Велигден

По повод Лазарева сабота, пред големиот христијански празник Велигден, денеска напладне во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Лазарева сабота, пред големиот христијански празник Велигден, денеска напладне во Скопје се одржа традиционалната лазарева поворка која тргна од дворот на храмот „Св. Димитриј“ и со пеење на лазаревите каланди се движеше по улица „Македонија“ и заврши во црквата „Св. цар Константин и царица Елена“.   

Пред почетокот на поворката, на учесниците им беа поделени врбови гранчиња, симбол на благослов и нов живот.

Лазарева Сабота е ден кога се сеќаваме на големото чудо, кога Господ Исус Христос го воскреснал праведниот Лазар, четири дена по неговото упокојување. Со ова чудо Христос им покажал на луѓето дека Бог е Бог на животот и дека верата, надежта и љубовта се посилни од смртта. Затоа овој ден е исполнет со радост и претставува почеток на подготовката за Страдалната Седмица и Воскресението Христово.

Реклама

Во нашата традиција, Лазарева Сабота се одбележува со Лазареви поворки. По ослободувањето од отоманското ропство, овој обичај почнал поорганизирано да се негува преку училиштата и црквите. Во пресрет на празникот, децата заедно со возрасните собирале врбови гранчиња и пролетни цвеќиња, а потоа во радосни поворки, пеејќи песни за воскресението на Лазар, се упатувале кон храмовите, каде ги принесувале овие свои дарови.

null

Така, врбовите гранчиња се благословувале од свештениците и им се раздавале на верните како предобраз на Христовото влегување во Ерусалим на Цветници. Со цвеќињата се украсувале храмовите и домовите во знак на пролетна и благословена радост.

До Цветници децата минувале низ маалата и ја споделувале празничната радост, додека од Велики Понеделник започнувала молитвената тишина како духовна подготовка за Христовото Воскресение.

Лазаревите поворки биле широко распространети сè до Втората светска војна и истите останале живо сведоштво за верата, детската чистота и радоста изразена во заедништвото.

Овие традиции, со векови најдостоинствено го подготвувале нашиот народ за дочекување на Празникот над празниците – Христовото Воскресение, посочуваат од организацијата Бадникови поворки.