Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Лабудовиќ: За секој ученик во Центар субвенција за таблет или лаптоп, вложуваме во образованието

Кандидатот за градоначалник на општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, ја најави новата мерка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, ја најави новата мерка што ќе биде дел од неговата програма за дигиталната писменост како поддршка на младите – субвенции за таблети и лаптопи за сите ученици од петто одделение во општина Центар, се вели во видео изјава од кандидадот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија (ЗНАМ). 

„Денес дигиталната писменост е исто толку важна колку и учебникот. Ако сакаме децата да бидат во чекор со времето, мора да им овозможиме еднаков пристап до современи алатки за учење. Затоа, воведуваме мерка со која секое дете ќе добие поддршка од 3.000 денари за таблет или 6.000 денари за лаптоп. Ова е конкретна помош за родителите, но и вистински чекор кон модерно, рамноправно и достапно образование за сите,“ изјави Лабудовиќ.

Според него, оваа мерка не е само финансиска поддршка, туку инвестиција во знаење, иднина и еднакви шанси за сите ученици. Со неа, Општина Центар ќе стане пример за тоа како една локална самоуправа може да придонесе за поголемо ниво на дигитална писменост и поддршка на младите генерации.

Реклама

„Сакаме децата во Центар да имаат исти услови за учење – без разлика на тоа од какво семејство доаѓаат. Сакаме сите да имаат еднаква можност да учат, да истражуваат и да се надградуваат. Затоа што секое дете заслужува поддршка, а секој родител заслужува сигурност дека неговото дете има фер старт во животот,“ истакна Лабудовиќ.

Оваа мерка е дел од пошироката визија за модерна, дигитална и напредна општина, која вложува во младите како највреден капитал на општеството.

„Образованието е највредната инвестиција што можеме да ја направиме – затоа што вложувајќи во нив, вложуваме во нашата иднина. Центар ќе биде општина што ги отвора вратите кон дигиталниот свет, општина која стои зад секое дете со конкретна поддршка, визија и верба дека секој ученик може да успее,“ додаде Лабудовиќ.

Со оваа иницијатива, Центар ќе направи уште еден голем чекор напред кон еднакво, достапно и современо образование, подготвувајќи ги најмладите за предизвиците на новото време.