Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Прилози

Кучиња скитници од други градови и држави завршуваат на скопските улици, 189 напади за три месеци

Кучиња скитници се почесто можат да се забележат во опасна близина на скопјани.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кучиња скитници се почесто можат да се забележат во опасна близина на скопјани. Глутници масовно се појавуваат во скопските населби, неретко се агресивни и напаѓаат случајни минувачи. Статистиките на МВР, одат во правец на потврда на поплаките на граѓаните дека се почесто станува опасно да се излезе на улица. Во последните 3 месеци на територијата на Скопје 189 граѓани пријавиле дека биле нападнати од куче скитник, а најалармантно е во општините Гази Баба и Аеродром со 46 односно 39 пријави. Мислењата на граѓаните се поделени. За едни кучињата предизвикуваат страв при секоја прошетка, а за други, овие животни заслужуваат заштита и хуманост. Дел бараат нивно отстранување од скопските улици, а други пак, сметаат дека проблемот не е во кучињата, туку во надлежните институции.

„Има, лаат, но не касаат. И тие сакаат да живеат, не треба да се убиваат. Институциите треба да превземат нешто за кучињата скитници, треба да има центри за згрижување, сепак сме луѓе и треба да бидеме и хумани према нив“– велат граѓаните.

Од ЈП „Лајка“ велат дека причната за појавата на глутниците е тоа што масовно и организирано со комбиња се носат кучиња од други градови и се истовараат во општините во Скопје. Тие ќе поднесат пријава до Министерството за внатрешни работи за да се преземат посериозни мерки бидејќи јавното претпријатие нема доволно капацитети за да ги згрижи сите кучиња.

Реклама

Станува збор за нестерилизирани и необележани кучиња, што јасно укажува дека ова не може да биде природен прираст, туку насилна дислокација. Јавно и одговорно тврдиме дека станува збор за организирано внесување кучиња, затоа што ЈП ‘Лајка‘ нема оставено, ниту пак има испуштено ваква бројка нестерилизирани и необележани животни на ниту една локација во Скопје.“- велат од ЈП „Лајка“.

Од здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ исто така тврдат дека се работи за организирано внесување на кучиња на територијата на град Скопје. Тие апелираат до МВР и Јавното обвинителство да спроведат истрага проследена со итни мерки и казни за сторителите.

Бараме измена на законската рамка. Поднесовме конкретни предлози за измени на Законот за заштита и благосостојба на животните, со кои бараме најстрого регулирање на сопствеништвото на кучиња, како и предлог-измени на Кривичниот законик со кои напуштањето миленик, суровоста и предизвикувањето општа опасност ќе се третираат како кривични дела, по примерот на Република Хрватска“– велат од „Анима Мунди“.

Викендов, во општина Карпош била донесена глутница од над 20 кучиња, кои не се чипирани и стерилизирани. Од нив досега се заловени 19 кучиња, но екипите продолжуваат да работат за да ги разбијат глутниците и да ги чипираат кучињата. Од Анима Мунди додаваат дека на терен биле пронајдени и кучиња со ушни маркици од република Албанија, што создава сомнежи за прекуграничен транспорт на животните.