Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

КСЗД ќе го промовира најновиот извештај за дискриминацијата врз Ромките во областа на работните односи

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) денеска ќе го претстави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) денеска ќе го претстави најновиот извештај посветен на дискриминацијата врз Ромките во областа на работните односи.

На промоцијата што ќе се одржи во просториите на КСЗД денеска од 10 часот, ќе бидат презентирани наодите од Истражувањето спроведено од КСЗД, како дел од обврските утврдени во Националниот акциски план за заштита, промоција и исполнување на човековите права на жените и девојчињата Ромки 2022-2024 година.

Извештајот ги презентира предизвиците со кои се соочуваат Ромките при пристапот до пазарот на трудот, формите на дискриминација што ги доживуваат, достапните механизми, како и препораки за подобрување на институционалниот одговор и унапредување на еднаквоста.

Реклама

-Промоцијата ја организираме во пресрет на 8 март- Меѓународниот ден на жената, со цел да се потсетиме на значењето на еднаквоста, недискриминацијата и заштитата на правата на жените, особено на жените кои се соочуваат со повеќекратна и интерсекциска дискриминација, стои во соопштението од КСЗД.