Реклама

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Македонија

Крмзов во количка дојде на суд, за предметот каде е обвинет за даночна измама од 22 милиони евра

Со инвалидска количка струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов беше донесен на судењето за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со инвалидска количка струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов беше донесен на судењето за даночно затајување и измама, злосторничко здружување и перење пари. Мозокот на операцијата која незаконски исппрала десетици милиони евра по основ на нелегален поврат на данок на додаена вредност беше донесен од затворот во Шутка каде се пожалил дека му се влошила здравствената состојба. Му закажале преглед кај специјалист за утре, па затоа денеска судењето беше кратко, односно прекинато по неговор барање.  

За обвинителката Со инвалидска количка струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов беше донесен на судењето за даночно затајување и измама, злосторничко здружување и перење пари. Мозокот на операцијата која незаконски исппрала десетици милиони евра по основ на нелегален поврат на данок на додаена вредност беше донесен од затворот во Шутка каде се пожалил дека му се влошила здравствената состојба. Му закажале преглед кај специјалист за утре, па затоа денеска судењето беше кратко, односно прекинато по неговор барање.  

За обвинителката Верица Бержецка Крстева нема писмена промена за ефективниот притвор му биде заменет со куќен на што инститира одбраната. Крмзов не се изјасни ниту за вина за делата кои според обвинителството ги сторил во периодо од 2019 до 2024. Во криминалот му помагале внуци од неговите брат и сестра Васе Панајотов и Зуле Кармзова Василева, а во шемата биле вклучени раководители односно формални сопственици на 13 фирми, и тројца сметководители, сега обвинети.  

Реклама
  • „И по барање на обвинителството да се достави документација или вештачења по однос на неговата здравствена состојба, такви барања не беа поднесени. Така да, обвинителството ќе се произнесе кога конкретно ќе располага со сознанија дека има промена на околности и битни околоности поради кои е спречен да ја следи главната распава. Таквите обврски се меѓусебно прикривани со фиктивни фактури меѓу поврзаните правни лица, и се тоа се затвора впрочем круг на данок, со тоа што тие си ги фактурираат како влезен така и излезен данок“ рече Верица Бержецка Крстева – Обвинител од ОЈО за ГОКК.

Одбраната ќе докажува дека Крмзов и групата не направиле штета на државната каса, а бараат тој од Шутка да оди во куќен притвор.

  • „Истите се тие договори што сака да ги прикаже како фиктивен промет се предмет на одданочување и на данок на добивка и на персонален данок и по сите основи и приходи и расходи, значи целокупната сметководствена евиденција, секаде е прифатена и секаде се сметководствени документи само кога доаѓа моментот на промет, сакаат да докажат дека е фиктивен промет. Очигледна е, и камерите можеа да забележат во каква состојба беше донесен, неблагодарно е да ја коментираме, условите се тие“ рече Ване Андреев – Адвокат на Крмзов.

Според обвинителството, групата покажала повисок влезен ДДВ во износ од над 67 милиони евра, а од Управата за јавни приходи им бил исплатен незаконски поврат од околу околу 22 милиони евра.


Средствата потоа биле префрлани меѓу правни лица со цел прикривање на потеклото, а дел биле користени за купопродажба на имот, враќање кредити, подигање готовина и плаќање на добавувачи.Дополнително, со околу седум милиони четиристотини и триесет илјади евра биле покривани даночни долгови.

Во постапката е предложена конфискација на имот и средства, од кои дел веќе се замрзнати, додека дел од пријавите се отфрлени поради недостиг на докази, а предметите за инспекторите се препратени во Струмица.