Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Кривична пријава против двајца измамници, измамиле велешанка за сума од околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште десет други

Министерството за внатрешни работи информира дека е поднесена кривична пријава против двајца…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи информира дека е поднесена кривична пријава против двајца измамници, кои измамиле велешанка за сума од околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште десет други повозрасни лица, контактирајќи ги дека нивни блиски наводно се повредени во сообраќајни несреќи и треба итно да се оперираат.

Како што информира МВР, ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против К.Н. (29) од Велес и Г.М. (54) со престој во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела, од кои десет кривични дела „измама во обид“ и едно кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

-Во изминатиот период лице од странство телефонски контактирало повозрасни лица, лажно им се претставувало и ги доведувало во заблуда дека блиски членови на нивните семејства биле повредени во несреќи и треба да им се изврши операција,  обидувајќи се да ги измами за поголеми суми на парични средства, додека пријавените К.Н. и Г.М. имале задача да ги земат парите, по што Г.М. ги предавал на лице во Софија, Република Бугарија. На тој начин успеале да измамат 81-годишна жена од Неготино за сума од 314.600 денари – информира МВР.

Реклама

По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Неготино на 19 февруари годинава го лишиле од слобода К.Н., кој во службен разговор во целост ги потврдил настаните. Два дена подоцна, на 21.02.2026, на Граничен премин Деве Баир од слобода бил лишен и Г.М., кај кого биле пронајдени и одземени 4400 евра, а кај неговата сопруга, која била со него во возилото, биле пронајдени и одземени 4.350 евра.