Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Кривичен: Оцена на обвинителен акт за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани до крајот на неделата

Основниот кривичен суд Скопје, информира дека на 3 октомври, в петок истекуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основниот кривичен суд Скопје, информира дека на 3 октомври, в петок истекуваат сите законски рокови за прием и достава на приговор на обвинителниот акт поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што се исполнуваат  сите услови за оцена, па се очекува актот до крајот на неделата да биде оценет, за што јавноста и странките ќе бидат навремено известени.

Судот, посочува дека во целост го разбира и почитува јавниот интерес во однос на обвинителниот акт со КООА 155/25 поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, и нагласува дека се работи за предмет со 37 обвинети правни и физички лица застапувани од 33 бранители и претставници на правните лица.

-Од приемот на обвинителниот акт, судот ги има ангажирано сите расположливи ресурси за достава на актот до странките, прием на сите приговори и нивно процесирање до Јавниот обвинител. За жал, во текот на изминатите неколку месеци, доставата кај дел од адвокатите и претставниците на правните лица не можеше да се реализира навреме, односно и покрај најавите од судот дека актот ќе им биде доставен директно во нивните канцеларии заради поголема ефикасност во постапувањето, истите беа отсутни. Заради тоа доставата, а со тоа и роковите за приговор, непотребно се одолговлекуваа. Со оглед да во овој момент, сите обвинети и нивни бранители го имаат примено обвинителниот акт, и на 03.10.2025 година истекуваат сите Законски рокови за прием и достава на приговор, со што се исполнуваат  сите услови за оцена, па се очекува актот до крајот на неделата да биде оценет, за што јавноста и странките ќе бидат навремено известени, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Реклама

Од Кривичен, исто така, нагласуваат дека судот ги прави сите напори за да ги исполни Законските обврски и доследно да ги испочитува загарантираните права на странките се со цел да не се компромитира предметот во понатамошниот дел од постапката.