Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Ковачки: Таравари јавно да одговори со што е уценет од СДСM и ДУИ

Таравари мора јавно да одговори со што е уценет од криминалното дуо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Таравари мора јавно да одговори со што е уценет од криминалното дуо СДСМ и ДУИ. Таравари дојде на власт со ветување пред граѓаните дека заедно ќе ги испратиме ДУИ во опозиција. Што се случи за само 10 месеци, за Таравари повторно да се врати во прегратките на ДУИ? Неговото неразумно однесување, мора да се должи на уцена и диктат на криминалното дуо, СДСМ и ДУИ, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-За нештата да бидат појасни, граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината. А таа е следната. Таравари на состаноците во Владата, никогаш не бил слушнат да зборува за застојот во ЕУ интеграциите, кој се случи благодарение на неговите старо нови партнери, СДСМ и ДУИ. Таравари не беше слушнат да говори за тоа дека не биле добро третирани албанските прашања, затоа што и самиот тој многу пати има говорено дека Владата и тоа како се грижи за Албанците. Во недостаток на факти и аргументи, Таравари своето алиби за напуштање на владината коалиција, го темели на ЕУ интеграциите и на албанските прашања, кои за разлика од порано и тоа како се променети, рече пратеникот.

Ковачки вели дека иако неговите констатации немаат никаква врска со реалноста, Таравари треба јавно да одговори со што е уценет од СДСМ и од ДУИ.

Реклама

-Дали е нешто поврзано со бизнис или некаков друг вид на мотив? Таравари докажа дека не е стабилен човек. Таравари сега треба јасно да каже пред граѓаните, како тоа ДУИ за 10 месеци од криминална и корумпирана партија, за него стана правата и вистинска опција, вели Ковачки.