Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Ковачевски си ја ишка мувата од капата за повеќегодишната толенцијата на Палчо, па сега почна да обвинува коалициски партнери

Премиерот Ковачевски си ја ишка мувата на капата за повеќегодишната толеранција на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Ковачевски си ја ишка мувата на капата за повеќегодишната толеранција на скандалозното однесување на Палчо, па почна да обвинува и коалициски партнери. Во интервју за 360, тој ги обвини поранешниот лидер на Либералната демократска партија и генералниот секретар на Демократскиот сојуз за дружба со сега веќе осомничениот за грозоморните две убиства.

Што барал поранешниот претседател на Либерално демократската партија на средби со Палевски? Што барал геенралниот секретар на Демократскиот сојуз на средби со него? Јас лично го прашав Макрон дали знае какви луѓе одат на посета во кај францускиот амбасадор во француска амбасада?, прашува Димитар Ковачевски во интервју за 360 степени.

Ковачевски не ги кажа директно имињата, но јасно е дека алудира на Горан Милевски актуелниот македонски амбасадор во Словенија кој во владата  на Ковачевски беше министер за локална самоуправа. Но исто така и на Зоран Димитровски, кој исто така беше дел од Владата на Ковачевски. Алфа ги контактираше и двајцата кои целосно го негираат она што го тврди премиерот. Зошто Ковачевски го вперува прстот кон Милевски кој практично и го испрати на дипломатска мисија откако тој се повлече од министер е нејасно. Сега, кога треба некој да сноси одговорност за Палчо, вината се префрла кај него, но Милевски е дециден дека сепак не се пронаоѓа во изјавата на премиерот. Тој апелира да не се инволвираат дипломати во меѓупартиски пресметки.

Реклама

Немам телефон од тој монструм, ниту сум го сретнал на улица долги години, а во никој случај немам седено на било каков состанок со него во мојот живот. Затоа и мислам дека изјавата не се однесува на мене. Ова го кажувам со чиста совест и одгвороност, со тој лик имаме различни идеолошки определби и заложби и не седам со тави ликови бидејќи не ми се потребни за ништо, вели Горан Милевски, амбасадор во Словенија

Генералниот секретар на Демократски сојуз Димитровски кој на својот Фејсбук пишува дека Ковачевски сее политичка магла, во изјава за Алфа најавува тужба против Ковачевски за клевета, доколку не престане да шири лаги.

Го повикувам Ковачевски да каже кога и каде сум се среќавал со Палевски и да и преточи на јавноста транскрипт од разговорот ако го има. Во спротивно ќе  сметам дека ме помешал со некој истакнат член на СДСМ. Палевски последен пат сум го видел пред 4,5 години, кога се уште се надеваше дека Зоран Заев ќе му даде повторно да ја води градската организација на партијата, како во златните времиња на Црвенковски, пишува Зоран Димитровски, генерален секретар на ДП

Љупчо Палевски Палчо со години се расфрлаше со навреди, закани и клевети во различни подкасти, оцрнувајќи имиња од јавната сфера. Тој беше обработуван и од Агенцијата за национално безбедност за антидржавни активности, но никогаш не заработи кривична. Последно, фатен е за див ископ на злато во мај годинава заедно со дружината осомничени за свирепите убиства при што МВР му поднесе кривична за недозволено поседување на оружје. Ковачевски и СДСМ веќе шеста година се на власт, па останува нејасно зошто толку години Палчо не е кривично санкциониран.