Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Koстадиновски од Букурешт: Силата на аргументите ја прават одлуката на Судот авторитетна

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски учествува на 10. Конгрес на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски учествува на 10. Конгрес на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт Романија, каде што попладнево имаше свое обраќање.

Костадиновски се обрати на Првата работната сесија со фокус на темата: Конституционална рамка на толкување на Уставот. Во неговиот говор го стави акцентот на „живиот конституционализам“ и интерпретацијата на Уставот во современите општества.

Претседателот на Уставниот суд во обраќањето ги истакна дилемите за толкувањето на Уставот низ призмата на две гледишта, т.н. „жив конституционализам“ и оригинализмот, притоа нагласувајќи дека неговите сфаќања се поблиску до интерпретарција на Уставот преку еден од помодерните начини за толкување на уставот, односно „жив констутиционализам“.

Реклама

„Дефиницијата за „жив Устав“ е Устав што се менува како што се менуваат времињата. Имено, промените во општеството бараат адаптација, прилагодување на уставните вредности, принципи и норми на настанатите промени, без формална измена на уставниот текст. Оваа теорија е во допир со реалноста, и ваквиот пристап кон уставно судското толкување сам по себе се наметнува како нужен, неопходен и општествено оправдан. Силата на аргументите е таа која ја прави одлуката на Судот авторитетна, додека отсуството на аргументирана и образложена одлука донесена низ призмата на живиот конституционализам, само може да ги потврди стравувањата на оригиналистите, за „уставотворење од клупата“. Овие суштествени елементи, доведуваат до совршен правен ефект наречен „умерен жив конституционализам“, кој својот практичен ефект го има во општествените разбирања кои ги надминуваат уставните, изјави претседателот на Уставниот суд.

Според претседателот Костадиновски, овој начин на толкување на уставните норми, во модерните општества им пркоси на предизвиците со кои се соочуваат уставните судии и е во насока на афирмирање на улогата уставни судии како чувари на Уставот, но и најповикани толкувачи на правната норма.

„Креативната и иновативната интерпретација ја стимулира амбицијата и чувството на совест и одговорност кај судиите, ја спречува летаргијата и стагнацијата во квалитетот на расправите и одлуките, овозможува прогрес, и ја развива пристојната умесна критика на одлуките. Со толкување на Уставот низ призмата на живиот конституционализам, со силата на правните сфаќања и аргументи со кои тоа се прави, може само да се зголеми кредибилноста и авторитетот на Судот, прво да ги антиципира и прифати, но истовремено и да влијае и да ги трасира промените или уште попрецизно да ги хармонизира и усогласи пишаните уставни вредности и норми со духот на времето“.

На Когресот ќе се обратат претседателот на Уставниот суд на Романија, претседателите на Европскиот суд на правдата и на Европскиот суд за човекови права, претставници на Врховниот суд за касација и правда, претседателката на ACCF и други истакнати правници од европските судови и меѓународни организации.

Во работниот дел предвидено е членките на АCCF да дискутираат и да донесат одлуки за: тригодишниот извештај за етичките принципи, презентација на тригодишниот финансиски извештај, предлог за измени на Статутот и Деловникот за работа на ACCF, презентација на водичот „Етички принципи на уставниот судија“, предложен од ACCF- Гласање од страна на Генералното собрание, презентација на кандидатурите за членови на Бирото на ACCF за периодот 2025–2028, презентација на барањето за членство на Уставниот суд на Косово, презентација на тригодишната програма на ACCF за периодот 2025–2028 година.

Покрај претседателот д-р Костадиновски, дел од Делегацијата на Уставниот суд во Букурешт е и советникот на Судот Татјана Јањиќ- Тодорова.