Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Коруптивната матрица на СДСM продолжува, со изборот на Петар Мантев за кандидат во Неготино

СДСM повторно настапува со истите луѓе и истите структури кои нема да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM повторно настапува со истите луѓе и истите структури кои нема да донесат промени и прави обид за убедување дека “ново лице“ значи и нов почеток-но вистината е поинаква, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСM со изборот на Петар Мантев за кандидат за градоначалник во Неготино, ја нуди истата програма под друго име, со истата позадина и нуди кандидат печен по старата коруптивна матрица на Заев и Филипче.

Досегашната политика на СДСM е препознатлива по еден единствен модел-распродажба на јавните ресурси, корупција, нефункционални проекти и немање одговорност кон граѓаните.

Реклама

Неготинчани се сведоци на неуспешни и нереализирани проекти, канализационен систем во лоша состојба и на афери кои што штетат на репутацијата на градот.

Граѓаните добро знаат што донесе СДСM, а тоа е неспособност наместо развој, тендери наместо јавен интерес и скандали наместо решенија, СДСM го направија Неготино симбол за партиска корупција.

Реновирање на спортската сала која наликува на оставен градилиштен скелет, “дива“ канализација во Дуброво, која е резултат на диво раководење со општината, аферата со мазутот за ТЕЦ Неготино и многу други злоупотреби, се само дел од коруптивната матрицата на СДСM, а сето тоа финансирано со народни пари.

Едно е јасно, дека станува збор за политички структури кои ја злоупотребуваат довербата на граѓаните за лични и теснопартиски интереси. Тие се дел од системот што го доведе Неготино во очајна состојба.

За СДСM изгледа е доволно само кандидатот да знае каде е општината, а зад сцената да стои старата партиска машинерија, со истите ликови, истите интереси и истата алчност.

Но, граѓаните се свесни и нема да дозволат да се вратат во криминалната и корумпирана матрица од минатото, тие ќе го направат клучниот избор за кандидат кој работи во интерес на народот, кој нуди решенија и резултати и ќе ги води кон вистински промени“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доста е од дежа-ву! Граѓаните не смеат да бидат плен на партиските експерименти на Заев и Филипче и да им се продава старата приказна како нова премиера. Неготинчани заслужуваат иднина, а не распродажба, време е за град што се развива, а не за град што се уништува. Неготино заслужува чесна и одговорна локална власт, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.