Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Корча домаќин на настан за презентација на носии на македонското, влашкото и ромското малцинство

Македонското друштво „Сонце“, во соработка со Педагошкиот факултет при Универзитетот „Фан Ноли“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското друштво „Сонце“, во соработка со Педагошкиот факултет при Универзитетот „Фан Ноли“ од  Корча денеска го организира завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во регионот на Корча“.

Настанот е поддржан од Комитетот за национални малцинства, орган на Aлбанската влада, што го сочинуваат претставници на деветте малцинства признати во оваа земја.

-На овој посебен настан ќе бидат презентирани традиционалните носии на трите заедници, изработени со голема посветеност и љубов кон културното наследство, од познатата костимографка Лирика Појани од Корча. Исто така, ќе биде промовирана и информативна брошура, посветена на историјата, значењето и идентитетот на овие носии, чиј автор е Васил Стерјовски, информираа од друштвото.

Реклама

Настанот ќе се одржи во  Библиотеката „Битолски конгрес“ при Педагошки факултет во  Корча, со почеток во 11 часот.

-Поканети и добредојдени се сите, заедно да ја одбележиме разноликоста и убавината на нашето културно наследство,  посочуваат од друштвото „Сонце“.