Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Координативна средба на Ѓорѓиевски, и Муцунски за претстојната презентација во Брисел за Скопје – Европска престолнина на културата 2028

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска во Министерството за надворешни работи и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија остарил средба со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, посветена на координацијата околу претстојната институционална презентација во Брисел за Скопје – Европска престолнина на културата 2028.

-Скопје кон Европа! Заедничка стратегија за презентацијата во Брисел – „Скопје – Европска престолнина на културата 2028”. Денес во Министерството за надворешни работи остваривме продуктивна и стратешки важна средба со министерот Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков, целосно посветена на координацијата околу претстојната институционална презентација во Брисел за Скопје – Европска престолнина на културата 2028, објави градоначалникот на Фејсбук.

Тој посочи дека оваа средба е јасен сигнал дека имаат план и дека работат синхронизирано, со чиста визија и енергија.

Реклама

Објавата може да ја погледнете на следниот линк:

-Зацврстуваме стратегија, градиме прецизна комуникација и создаваме заеднички фронт со европските партнери, затоа што Скопје заслужува да биде претставено силно, достоинствено и современо. Со ова покажуваме и дека сме целосно посветени на процесите, на целите и на европските стандарди што ни се водилка, истакна Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека нивната задача е јасна: „Скопје да го поставиме високо на европската културна мапа, таму каде што му е местото“.

-Продолжуваме активно, одговорно и со обединета визија. Го зајакнуваме патот на Скопје кон европските практики и ја вреднуваме нашата културна иднина со работа, со посветеност и со верба дека оваа приказна ќе биде успешна и препознатлива. Скопје 2028 е иднината што ја градиме заедно, објави Ѓорѓиевски.