Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Комеморативна седница во чест на универзитетскиот професор Тодор Делипетров

Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)- Штип…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)- Штип денеска со комеморативна седница му оддаде почит на проф. д-р Тодор Делипетров, кој почина во почетокот на годината на 75-годишна возраст.

Својот работен век професорот Делипетров го помина на Рударско-геолошкиот факултет, чиј наследник е сегашниот Факултет за природни и технички науки.

За редовен професор во наставно-научната област применета геофизика бил избран во 1999 година.  Од тогаш, па до пензионирањето во 2018 година, бил континуирано вклучен во наставно-образовниот процес со студентите на наставните програми геологија, рударство, географија и заштита на животната средина. Автор е на повеќе од 100 научни и стручни трудови и материјали за предавања во соодветните области.

Реклама

Проф. д-р Тодор Делипетров е и дел од основачите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и како што беше речено на комеморацијата, остави длабок белег и наследство во развојот на високото образование и научноистражувачката дејност во Македонија.

На комеморацијата присуствуваа раководството и колективот на Факултетот за природни и технички науки, како и претставници на Универзитетот „Гоце Делчев“ и ректорот проф. д-р Дејан Мираковски.