Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Колку повеќе трае блокадата на Бугарија, толку повеќе ќе расте евроскептицизмот во Македонија

Децении ветувања, блокади и понижувања – европскиот сон станува се понедостижен. Уцените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Децении ветувања, блокади и понижувања – европскиот сон станува се понедостижен. Уцените и блокадите ја поткопаа довербата во Европската Унија, а разочараноста расте.

ЕУ не наоѓа начини како да ни помогне и го продолжува статус квото, а злоупотребата на ветото од страна на Бугарија не само што нема санкција, туку има премолчена поддршка.

Експертите порачуваат дека евроскептицизмот и натаму ќе расте доколку не се најде излез од овој ќор-сокак во кој се наоѓа Македонија – бидејќи ако пред една деценија македонските граѓани гледаа со ентузијазам на евентуалното членство во ЕУ, сега не веруваат дека некогаш земјава би станала дел од Блокот.

Реклама

Дополнително во однос на билатералните блокади, продолжувајќи го статус квото и правото на вето кое го користат некои членки, наоѓа на своевидно премолчено одобрување на ЕУ и граѓаните немаат верба дека ЕУ може да го надмине цел тој процес. ЕУ би имала многу поголема поддршка ако изнајде некаква форма за надминување на овие блокади, и да прими нови членки, и самиот процес на проширување ќе донесе придобивки и поголема поддршка. За злоупотребата на ветото од страна на некои членки, не само што нема санкција туку има и премолчена поддршка, вели поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски.

Aко за многу земји важат Копенхашките критериуми, во нашиот случај се бара и нешто друго – уставни измени, промена на учебници, ревидирање на историјата – и сето тоа како услов да се тргне бугарското вето а без никаква гаранција дека ќе нема ново понатаму.

Самата Унија со неизнаоѓање решение како да го стимулира овој евроскептицизам, знаејќи дека доколку граѓаните не чувствуваат дека некогаш државата ќе стане членка, се намалува и поддршката за тој процес. ЕУ наместо да се фокусира на начините како да ги надмине блокадите, ненаоѓајќи излез и продолжувајќи го статус квото ги поттикнува сите оние кои мислат дека евроинтегративниот процес е процес без крај, додава Наумовски.

Пораст на евроскептицизмот посебно има кај младите.  Најновите истражувања покажуваат дека 46,5%, не веруваат дека Македонија некогаш ќе стане дел од Унијата.Само 6,7% сметаат дека тоа би можело да се случи во следните пет години, додека една третина верува дека членството е можно, но во далечна иднина. Иако младите и натаму сметаат дека ако влеземе во ЕУ ќе има подобри можности за работа, подобро образование, поголема сигурност и помалку корупција – се сомневаат оти најголема кочница ќе останат билатерлните спорови.