Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Клиниката за нефрологија се стекна со сертификат за акредитација со важност од пет години

Универзитетска клиниката за нефрологија се стекна со сертификат за акредитација со важност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Универзитетска клиниката за нефрологија се стекна со сертификат за акредитација со важност од пет години, во рамки на активностите на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи за подобрување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите, преку спроведување на постапка на акредитација во здравствените установи. 

Клиника за нефрологија e терциерна здравствена установа која врши специјалистичко – консултативна и болничка дејност од областа на нефрологијата, спроведува образовна дејност, врши усовршување на здравствените работници и научно – истражувачка дејност и други дејности од областа на нефрологијата. Вoeдно, Клиниката претставува референтен центар кој ги опслужува потребите на сите корисници на здравствени услуги во државава и странски државјани, информираат од Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи. 

Клиниката успешно ги имплементира националните стандарди кои се базираат на современите и светските концепти за унапредување на квалитетот и безбедноста на здравствената грижа и покажа високо ниво на исполнетост, согласно спроведеното надворешно оценување преку тим на надворешни лиценцирани експерти

Реклама

Со стекнување со статус на акредитирана здравствена установа, клиниката ја докажа својата посветеност кон безбедноста на пациентите и квалитетните здравствени услуги преку воспоставување ефикасен систем на менаџирање на клиниката, јасно дефинирани стратешки цели и програми за работа на приоритети програми и учество во превентивни мерки за намалување на инциденца и преваленца на бубрежните болести, подобрување на квалитетот на здравствената заштита на здравствените услуги наменети за бубрежните болни, подобрена достапност, еднаквост и сообразност при обезбедување на здравствените услуги и намалување на ризиците, спроведување на медицина заснована на докази, унапредување на правата на пациентите за сите медицински интервенции од областа на нефрологијата, стандардизиран третман на сите заболувања со цел секој пациент да биде подеднакво третиран на клиниката преку јасно дефинираните пакети за здраствени услуги и усовршување на стручниот кадар преку континуирана едукација.

Дополнително, во периодот од 2020 до 2025 година Клиниката е комплетно реновирана при што се обезбедени нови просторни услови за работа, отворени се дополнително специјалистичко- консултативни амбуланти со дијагностика, обезбедена е нова реверзна осмоза за хемодијализа, зголемени капацитети за хемодијализа на хоспиталните пациенти, како и обезбедена нова останата медицинска и немедицинска апаратура што придонесува за зголемување на капацитетот за лекување на бубрежните пациенти, стои во соопштението.