Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Кирков: Уште две лами угинаа во ЗОО Скопје, институцијата го крие случајот

Повторно угинати животни во скопската Зоолошка градина – овој пат станува збор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повторно угинати животни во скопската Зоолошка градина – овој пат станува збор за две лами, соопшти советникот во Град Скопје, Дарко Кирков. Тој тврди дека Зоолошката го крие случајот, а состојбата внатре ја опишува како „вистински хорор“.

Кирков потсетува дека „откако Арсовска дојде на чело на Скопје и со поставување на нејзините ‘професионални’ кадри за директори, во скопската Зоолошка угинаа повеќе од 40 егзотични животни, а дел од нив под сомнителни околности“.

Советникот посочува дека пред само еден месец починале уште две лами, за кои „се знаело, наводно, дека боледуваат од туберкулоза“. Според него, вработените биле изложени на ризик и притисок, а истовремено и посетителите.

Реклама

„Неколку дена претходно, вработените имале голем притисок и мобинг од горенаведените да влегуваат во живеалиштата на ламите без никаква ХТЗ или заштитна опрема“, вели Кирков и предупредува дека симптомите кај животните биле „видливи“, а тие не биле изолирани.

Кирков тврди дека директорот во сенка, Стаменов, заедно со директорот на хартија, Попов, наредиле информацијата за угинувањето на ламите да се сокрие и да не се објавува.

„До таму идат што и покрај законската обврска да ја известат АХВ, тие тоа не го прават. АХВ дозна утрово од мене“, вели тој.

На крај, тој јавно ја прашува градоначалничката: „Данела Арсовска, што уште ќе му направиш на Скопје?“