Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Ќе има ли политичка одговорност за скандалот на Онкологија?

Истрагата за еден од најголемите скандали во здравството не смее да заврши…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Истрагата за еден од најголемите скандали во здравството не смее да заврши само со пeтмина осомничени. Во криминалната шема биле вклучени и други. Претседателката на Анкетната комисија, Рашела Мизрахи очекува и бара проширување на истрагата.

Инаку,  Комисјата чилја главна задача беше утврдување на политичка одговорност, вина пронајде кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, кај сега веќе осомничените директори, Нино Васев и  Нехат Нухи –, кај поранешната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова, како и кај екс директорите на ФЗОМ, Стево Крстевски и Фатон Ахмети.

Но заклучоците од комисијата во кои стоеше дека  Онкологија прекршила 37 закони и правилници кога набавувала лекови за болните од рак, Обвинителството ги игноприра, иако јавноста слушна и виде се од сведочењата во Собранието.

Реклама

Според  она што е наведено во комисиските заклучоци, Министерството за здравство, слепо се согласувало на барањата на  Клиниката, иако познат бил буџетот на Фондот за здравство. Клиниката го пречекорила т.н условен буџет за над 170%,  иако немала согласност од Фондот.

Мизрахи некокупати појаснуваше,  дека на пример Фондот за здравство  кој би требало да има увид и ако работел како што треба,  веројатно немало да се влезе во криминалната шема. Исто и Агенцијата за лекови врши надзор, потоа Државниот здравствен инспекторат. Доколку надлежните за контрола си ја работеле работата од 2019 до денес немаше да ја има оваа афера, беше истакнато на една од дискусиите на Анкетната во Собранието.

Дали Собранието ги достави заклучоците до Обвинителството, претседателката на Анкетната комисија нема информација. Кога,  овие заклучоци беа презентирани во јавноста, владејачката гарнитура остро се спротистави, а тогашниот собраниски спикер одбиваше да им ги достави на обвинителите. Според опозицијата власта се плаши да не се открие вистината за Онкологија.

Скандалот изби во септември минатата година.  Конечно по цели 5 месеци предистрагата на Обвинителство резултираше со 5 осомничени лциа, двајца директори и тројца доктори кои им помагале при измамата и злоупотребата на злужбената положба при набавка на лекови за цитостатичка терапија.