Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Катица Јанева на условен отпуст од Идризово до истекот на затворската казна

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која е осудена на седум години затвор,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која е осудена на седум години затвор, од кои веќе четири години ги помина во КПД „Идризово“, на почетокот на неделата заминала дома.

Директорот на затворот Идризово соопшти дека Јанева добила условен отпуст и дека таа ќе мора редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје, сè додека целосно не ѝ истече седумгодишната затворска казна.

Во јули 2021 година, Апелациониот суд Скопје ѝ ја потврди седумгодишната затворска казна на Јанева, во која е пресметано и времето поминато во притвор од над една година.

Реклама

Јанева и лани беше пуштана преку ден да работи во адвокатската канцеларија на својот син во центарот на Скопје, а попладне се враќаше во „Идризово“.

По доаѓањето на новото раководство во Управата за извршување на санкциите, била извршена контрола врз нејзиното работење. При контролата било утврдено дека таа не работи кај својот син, поради што ја изгубила таа привилегија.

Катица Јанева беше осудена за земање мито.