Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Карајеповски: Пржинска влада треба да биде укината

Политичка партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија ја поздравува иницијативата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политичка партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија ја поздравува иницијативата на премиерот Мицкоски за одржување лидерска средба, како одговорен и државнички чекор насочен кон стабилност, дијалог и политичка зрелост во клучните моменти за државата, изјави денеска пратеникот на ЗНАМ Бобан Карапејовски по лидерската средба. ЗНАМ е за укинување на техничката влада, за измени на Изборниот законик и за една изборна единица.

Тој истакна дека претстојат важни одлуки во интерес на државата, ваквиот пристап е показател дека институциите и политичките актери се подготвени да ја стават Македонија и граѓаните пред партиските калкулации. 

– Лидерската средба ја гледаме како можност сите релевантни политички фактори да покажат зрелост, одговорност и вистинска грижа за иднината на Македонија, нагласи Карапејовски.

Реклама

Во однос на т.н. Пржинска влада, тој потенцира дека ставот на ЗНАМ е јасен и таа треба да биде укината. 

– Техничката влада беше воведена како привремено решение во специфичен политички контекст и со една јасна цел – обезбедување демократски, фер и слободни избори во време на политичка криза. Таа цел е одамна исполнета и зад нас се неколку успешно спроведени изборни циклуси, вклучително и последните локани избори во 2025 година, рече Карапејовски.  

Тој информира дека Движењето ЗНАМ се залага за суштинска и праведна реформа во однос на Изборниот законик.

– За нас е прифатливо и потребно ново решение со една изборна единица, што ќе обезбеди поголема еднаквост на гласот на секој граѓанин и пофер политичка застапеност. Сметаме дека мора јасно и прецизно да се регулира финансирњето на политичките партии, особено оние што се застапени во Собранието преку пратенички групи за да се обезбеди транспарентност, рече Карапејовски. 

ЗНАМ дава силна поддршка на сите реформски закони, од областа на правосудството, како и сите закони од Реформската агенда и додаде дека реформите се клучни за воспоставување на владеење на правото, создавање правна држава и затоа инсистираат на политички консензус за овие закони.

За народниот правобранител, ставот на ЗНАМ е дека оваа оваа функција мора да ја извршува лице со висок професионален кредибилитет, со докажано искуство и експертиза во човековите права. Неговиот избор да се изврши што поскоро и да не се кочи работата на институцијата.

ЗНАМ дава поддршка и на примената на „Безбеден град“ и апелира на негово побрзо усвојување. За Законот за прекршоците,

На новинарско прашање зошто претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски не присуствувал на лидерската средба, одговори дека тој претходно имал закажани средби надвор од земјата и оти во тоа нема ништо спектакуларно.