Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Јубилејна плакета на Црвениот крст за Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје

Црвениот крст на Македонија му додели јубилејна плакета на Универзитетот „Мајка Тереза“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црвениот крст на Македонија му додели јубилејна плакета на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Црвен крст годинава одбележува 80 години од формирањето на организацијата.

Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје,  Беким Фетаји нагласи дека оваа награда е многу престижна и универзитетот се чувствува почестен.

– Во иднина, студентите на универзитетот ќе бидат ангажирани со Црвениот крст. Имаме Меморандум за соработка и таму ги имаме истакнато некои од активностите во кои во иднина ќе ги вклучиме студентите и професорите, рече Фетаји.

Реклама

Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити истакна дека оваа плакета значи благодарност за раководителите на универзитетот за нивниот придонес, за нивното вклучување во нивната работа како организација.

– Им благодариме, пред сè, на студентите, од кои добар дел се волонтери на Црвениот крст и на некој начин го носат волонтерството и вредностите на Црвениот крст овде на универзитетот. Би рекол дека ова е нов почеток на досегашната соработка и се надеваме и очекуваме дека студентите, професорите и раководството на Универзитетот ќе бидат дополнително вклучени во работата на Црвениот крст, за да придонесат за понатамошен развој на нашите активности, рече Саити.

Генералниот секретар на Црвен крст потенцира дека нивна амбиција е што е можно повеќе наука да се внесе во нивните активности и нивната верификација.

-Како што знаете, организацијата Црвен крст има амбиција да се прилагоди на моменталната средина и контекстот и во таа насока нашите амбиции се што е можно повеќе наука да се внесе во нашите активности, нивната верификација, нашите практики да добијат научна верификација и на тој начин да ги пренесеме како лекции што во иднина ќе придонесат за понатамошен развој на нашата организација и проширување на нашите резултати како организација, рече Саити.