Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Јубилеен 10-ти пат урбаните моторџии низ скопските улици во знак на борбата за заштита на машкото здравје

Урбаните моторџии денеска по 10-ти пат ќе продефилираат низ скопските улици во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Урбаните моторџии денеска по 10-ти пат ќе продефилираат низ скопските улици во знак на борбата против ракот на простатата и подигањето на свеста за машкото здравје.

Облечени во стандардниот дрес код – палто, вратоврска, елегантни чевли и задолжително кацига, тие, како и секоја година, така и оваа ќе бидат дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlemans Ride кое се одржува во 108 држави со вкупно 1036 учесници.

Скопје првпат се најде на мапата на ова глобално движење во 2016 година, а оваа урбана приказна со хуманитарна димензија опстои благодарение на двајцата иницијатори Игор Стефановски и Благоја Петровски.

Реклама

Стефановски, правејќи ретроспектива на изминатите десет години, оцени за МИА дека поттикот и одговорноста да се продолжи во оваа насока, се уште поголеми имајќи предвид дека од година во година се повеќе се зголемува интересот за учество.

Секоја година се донираат финансиски средства кои потоа се уплатуваат на сметката на фондацијата „Мовембер“ во Лондон, а оттаму се трансферираат во сите оние болници и институции кои се фокусирани на борбата за заштита на машкото здравје и ракот на простата.

Настанот се организира секоја година во втората половина на мај според одредени правила и мора да има одлики специфични за самото движење како уникатни мотори и елегантен дрес код.

Првпат движењето „The Distinguished Gentlemans Ride“ почна во 2012 година во Сиднеј кога Марк Хава облечен во фин машки костим одлучи да продефилира низ улиците на градот во чест на неговиот пријател кој починал од рак на простата. Од година во година движењето станува се помасовно и на годишно ниво се собираат средства кои преку фондацијата „Мовембер“ се донираат во борбата за ракот на простата.