Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

🎥 Јовева од Словенија до бугарските шовинисти: „ЗА ДА ПОСТОИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ МУ ТРЕБА ВАША ДОЗВОЛА“

Во пресрет на гласањето за извештајот за напредокот на  Македонија во Европскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на гласањето за извештајот за напредокот на  Македонија во Европскиот парламент, бугарските европратеници, поддржани и од грчки колеги, вложуваат напори да се изменат формулациите поврзани со македонскиот јазик и идентитет. Тие инсистираат на отстранување на овие термини од документот, тврдејќи дека такви дефиниции немаат место во извештај за напредок.

Европратеникот Андреј Ковачев од ГЕРБ изјави дека е изненаден од, како што рече, огромната финансиска и дипломатска енергија со која Скопје се обидува да внесе текстови кои не припаѓаат во извештај за европско членство.

„Ние не сме Институт по историја или Академија на науките, за да признаваме или да не признаваме лингвистички јазици или идентитети“, рече Ковачев.

Реклама

Во Стразбур присуствуваше и Љупчо Георгиевски, претседател на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“, кој е условно осуден во Македонија. Ковачев тврдеше дека неговото присуство има за цел да ги информира европратениците за, како што тврди, судските репресии на кои се изложени македонските Бугари.

Бугарскиот европратеник Петар Волгин од партијата „Преродба“ ги обвини еврокомесарите и известувачот дека „си ги затвораат очите пред очигледните прекршувања од страна на Скопје“, со цел што побрзо внесување на земјата во ЕУ.

На овие тврдења реагираше словенечката европратеничка со македонско потекло, Ирена Јовева, која на македонски јазик им се обрати на бугарските колеги: „За да постои македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но на вас за да го признаете тоа ви треба чесност, интегритет, храброст“.

Австрискиот европратеник Томас Вајц, известувач за земјава, потсети дека Македонија некогаш беше предводник во регионот, но нејзиниот пат кон ЕУ беше попречен од прашања поврзани со историјата и билатералните односи. Тој додаде дека добрососедските односи мора да се градат од двете страни.

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, повтори (како расипана плоча) дека единствениот начин за отворање на пристапните преговори е усвојувањето на уставните измени.

На Предлог-извештајот се поднесени 28 амандмани. Меѓу нив се и оние на бугарскиот европратеник Ивајло Валчев, кој бара вметнување на зборот „современ“ пред „македонски јазик и идентитет“, како и вклучување на протоколите од Договорот за добрососедство во извештајот. Гласањето е закажано за денеска напладне.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: