Реклама

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Македонија

Јорданов: На средината од кампањата наместо да сум во „ринг” со опоненти за промоција на идни проекти, безидејната опозиција пласира лаги, клевети и измислици

Кандидатот за градоначалник за Општина Штип од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов денеска реагираше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник за Општина Штип од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов денеска реагираше за текот на кампањата од страна на неговите политички противници.

-Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници.На средина од кампањата за Локалните избори 2025, наместо да сум во „ринг” со опоненти за промоција на идни проекти и визија за напредок на Штип, безидејната опозиција, во недостаток на проекти има само една цел – со пласирање на лаги, невистини, клевети и измислици да го свртат вниманието и да го ублажат убедливиот пораз, напиша на фејсбук Јорданов.

Тој посочува дека Штип веќе четири години е во позитивна кампања, која е насочена кон незапирлив развој и интензивна градба.

Реклама

-Од друга страна, опозицијата за време на кампањата од 20 дена наместо да промовира проекти, се служат со измислици и невистини, со цел да ја скријат црната дамка од нивното минато, а и затоа што немат што друго да понудат. Затоа, не потпаѓајте под манипулативната девиза дека “сите се исти”, порача Јорданов.

Кандидатот за градоначалник на Штип од ВМРО ДПМНЕ, Јорданов вели дека не се сите исти, а какошто вели „секој од вас го знае тоа“.

-Јас верувам во вас, моите сограѓани, верувам во вашата мудрост и знам дека ја препознавате вистината и искреноста во нашата работа и на денот на изборите ќе го искористите вашето загарантирано право да донесете правилна одлука за вас и за нашиот Штип, подвлече Јорданов.