Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Јавна седница пред Апелација: Обвинителството бара повисока, одбраната пониска казна за Васил Јованов

Да не дозволиме да изгубиме уште една Фросина – обвинителството со барање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да не дозволиме да изгубиме уште една Фросина – обвинителството со барање до апелационите судии за повисока казна од 12 години за Васил Јованов, кој пред 10 месеци ја прегази Фросина Кулакова. И покрај тоа што претходно имал други прекршоци во сообраќајот, Васил Јованов не се покајал и не влијаело на ревидирање на неговото однесување туку напротив продолжил со несмален интензитет, рече обвинителката Фетаи.

  • „Да си поставиме едно прашање: Уште колку деца треба да погребени за на крај конечно да ни текне дека оваа судска пракса треба да се смени? И казната затвор не е само бројка, тоа е став, тоа одразува какви вредности ние штитиме? Ако животот на Фросина не вреди повеќе од 12 години каква порака им испраќаме на другите евентуални жртви“ рече Фатиме Фетаи – Обвинител.

Одбраната на Јованов бара ревидирање на казната. Адвокатот смета дека е погрешно што првостепениот суд го смета како отежнителна околност тоа што е осуден за трговија со дрога, бидејќи кога се носела пресудата, немало правосилна одлука.

  • „Јас мислам дека тука сака да се оди во „лов на вештерки“ и ако 12 години казна е изречена во историјата на правото на Македонија јас повлечувам се што имам речено “ рече Сашко Дукоски – Адвокат на Васил Јованов.

Обвинетиот Јованов пред судот, повторно изрази сочувство на семејството на Фросина.

Реклама
  • Уште еднаш сакам да изразам најдлабоко каење и искрено сочувство на семејството на загинатата. Голема грижа на совест имам за тоа што се случи и болката што ја предизвикав“, изјави Јованов.

За семејството Кулакови каењето на Јованов не е искрено, а најавија и кривични пријави и претставки за судијките од скопскиот кривичен.

  • „Нашето семејство ќе поднесе кривични пријави против судијките Даниела Алексовска и Снежана Марковска и ќе поднесе претставки за нивно разрежување до Судскиот совет зашто судии кои го газат правото немаат место во судството. Фросина живее преку нас, преку светлината што ја остави зад себе “ рече Тодор Кулаков – Татко на Фросина Кулакова.

Васил Јованов  призна вина и беше осуден на 12 години затвор затоа што пијан, без возачка дозвола, со брзина над дозволената минувајќи на црвено светло на пешачки премин на булеварот Партизанска на 29 јануари, смртно ја прегази младата Фросина Кулакова.