Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Јаневска: Не очекуваме недостиг од наставници по новите измени во Законот за основно образование

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека не очекува недостиг…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека не очекува недостиг од наставници за прво до петто одделение по усвојувањето на Законот за основно образование.

Според новите измени, наставниците со диплома за педагог ќе можат да предаваат само од прво до трето одделение, додека оние со диплома за одделенска настава ќе имаат можност да работат од прво до петто одделение. Дел од наставниците веќе започнаа петиција со барање да се задржи претходното законско решение, стравувајќи од можноста да останат без часови.

Јаневска нагласи дека Министерството за образование и наука (МОН) веќе направило анализа и не очекува недостиг од наставници, бидејќи тие ќе имаат можност да работат и во дневен престој. Сепак, како што посочи, ако се појави потреба, пратениците ќе можат да предложат амандмани, а Министерството ќе разгледа можност за мала измена во Законот за основно образование.