Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Јанев: Ние не сме тука за да владееме, ние сме тука да служиме со чест, со работа, со интегритет, никој не е над законот

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев на одбележувањето на Денот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев на одбележувањето на Денот на полицијата им испрати порака на раководните лица во Бирото во која им порача дека функцијата не им е штит и дека никој не е над Законот.

Сакам најдоблесно да им се обратам на сите раководни лица од Бирото за јавна безбедност на сите кои како раководство им дадовме шанса, поддршка. Функцијата не ви е трофеј, таа е одговорност. Не заборавајте дека никој не е вечен. Во едно современо општество не владее поединецот, владее правото. Ако заборавивте зошто сте таму, ќе ве потсетиме, ако мислите дека функцијата ви е штит, грешите. Ние не сме тука за да владееме, ние сме тука да служиме со чест, со работа, со интегритет. Никој не е над законот, па дури ни никој од нас – порача Јанев.

Тој рече дека најважно е што ја почнале најрешителната борба против криминалот и корупцијата.

Реклама

Без калкулации, без наш и ваш, разбиени се криминални банди, нарко мрежи, терористички келии. Расчистени се децениски нерасчистени убиства откриени се злосторства поврзани со изнуди, нелегална трговија со луѓе, злоупотреби во институции, нелегални игри на среќа. Ја браниме Македонија од внатре и затоа праќаме една силна порака до нечесните: Криминалот не е исплатлив, криминалот нема иднина. Македонија повеќе не е вашиот дом. Ова е држава во која владее законот, а не во која царуваат вашите валкани зделки – рече Јанев.