Реклама

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 79-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Македонија

Извештај на ДЗР за ревизија на МДТ

Вонредниот и редовниот попис на средствата не е извршен на начин пропишан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вонредниот и редовниот попис на средствата не е извршен на начин пропишан со законските и подзаконските акти, а материјалната и сметководствената евиденција на основните средства не е усогласена со фактичката состојба и не е спроведен делбен биланс со Министерството за јавна администрација, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во ревизијата на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за сметка на основен буџет (637) за 2024 година, на Министерство за дигитална трансформација.

Со извршената ревизија за 2024 година не изразуваме мислење во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи, а за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставените политики изразуваме мислење
со резерва. Извршена е ревизија и издаден е извештај за финансиските извештаи и за усогласеност со закони и прописи на Министерството за информатичко општество и администрација за 2018 година, во кој е изразено мислење со резерва во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставените политики, информираат од ДЗР.

– Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за сметка на основен буџет (637) за 2024 година на Министерство за дигитална трансформација ги утврдивме следниве состојби: вонредниот и редовниот попис на средствата не е извршен на начин пропишан со законските и подзаконските акти; материјалната и сметководствената евиденција на основните средства не е усогласена со фактичката состојба и не е спроведен делбен биланс со Министерството за јавна администрација; за дел од недвижниот имот не е извршена процена на вредноста, а за дел не е извршено запишувањето на правото на сопственост на недвижностите во катастарот на недвижности; обврските спрема добавувачи не се евидентираат во периодот на нивното настанување; имотот со кој располага Министерството не е осигуран; одделението за внатрешна ревизија не е кадровски екипирано и не се извршени ревизии во 2024 година; во дел од досиејата од спроведените јавни набавки не се содржани докази за обезбедени гаранции; и набавени се стоки и услуги за кои не е спроведена јавна набавка, се вели во заклучокот од ревизијата на ДЗР.

Реклама

Во насока на надминување на утврдените состојби, се додава, дадени се препораки до одговорното лице со цел преземање на мерки и активности со цел подобрување на состојбите.

– Во делот на Нагласување на прашања истакнуваме состојби кои се однесуваат на: структурата на направените расходи на Министерството од средствата обезбедени од Буџетот на државата, кадровската екипираност на Министерството, судска постапка која е во тек и – континуитетот во спроведувањето на проекти од областа на ИКТ со кои се обезбедува развој на безбедна, достапна и одржлива дигитална инфраструктура, забрзана циркулација на информациите меѓу органите на управата и креирање и водење на централна база на податоци, се со цел да се зголеми административната ефикасност и да се намали бирократијата за граѓаните и бизнисите, с енаведува во извештајот.

Се посочува дека од страна на министерот за дигитална трансформација е добиена забелешка на Нацрт извештајот на овластениот ревизор.

-Истата е разгледана и делумно се прифаќа поради дополнително доставени докази. Забелешката и одговорот на истата се составен дел на овој извештај, потенцираат од ДЗР.