Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Измамниците не запираат: Зa една година 43 граѓани пријавиле измама со брзи кредити

Бидете внимателни. За една година 43 граѓани пријавиле измама со брзи кредити.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бидете внимателни. За една година 43 граѓани пријавиле измама со брзи кредити. Измамниците се повторно активни на социјалните мрежи. Ќе ви пишат. Ќе ви побараат или ќе ви понудат помош. Ќе бидат учтиви. И на крај од вас ќе успеат да ја добијат личната карта фотографирана од двете страни и вашиот здрвствен број. Со овие податоци, измамниците ќе аплицираат за брз кредит во ваше име и ќе ве заглават со десетици илјади денари.

Од МВР за Алфа велат дека во периодот јануари-февруари 2023 година, на територијата на државата регистрирани се 27 кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, за кои по преземени мерки и активности кривично се пријавени 23 сторители

Во 2022 година, евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, во врска со кои по преземени мерки и активности до надлежните ОЈО поднесени се 16 кривични пријави и 24 писмени известувања, при што во рамките на расветлените случаи пријавени се 24 сторители, а поднесено е и едно известување до оштетено лице за поднесување на приватна тужба против откриен сторител, објаснуваат од МВР.

Реклама

Последен од низата, е случајот со родителите на малиот Тео, за кого се собираат донации за лекување во Србија. Наместо донација, тие добиле известување за одобрен брз кредит за купување на бела техника.

–Никој не веруваше дека ќе паднат на толку ниско ниво за да злоупотребуваат некои работи за деца кои се болни. На телефонот на сопругата стигна информација дека е одобрен во висина од 72 000  денари за некој клима уред, вели таткото Љупчо Максимовски.

Алармот е вклучен, бројот на измамени лица се зголемува но се уште властите не најдоа решение за построга контрола при доделување на брзите кредити и злоупотребата на податоци за добивање на истите.

Анастасија Илиевска