Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Интерпелацијата на министерката за енергетика Божиновска пред пратениците

На 128. собраниска седница денеска пред пратениците ќе биде интерпелацијата за работата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 128. собраниска седница денеска пред пратениците ќе биде интерпелацијата за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, поднесена од пратениците на Левица. Според нив, зад интерпелацијата стојат задолжувањата на државниот енергетски систем, неиспорачаните резултати во изминатиот период, особено во делот на енергетиката. 

На дневен ред седницата има 13 точки, меѓу кои се и Предлог за избор на член на Судскиот совет, Предлог на одлука за именување на член на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и Предлог на одлука за именување на член на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Пред пратениците е и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, во второ читање, дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина, во второ читање и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, во прво читање.

Реклама

Исто така, пратениците ќе расправаат и за Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво за 2025 година, а пред нив ќе се најде и Предлог на закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во прво читање.

Последна точка на дневен ред на денешната седница е Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Македонија.